full screen background image
Search

Првиот SUV на Aston Martin добива 4-литарски твин-турбо AMG V8 со 550 коњски сили

Легендарниот британски бренд полека но сигурно ги објавува деталите околу својот прв SUV – DBX наскоро ќе биде и официјално претставен, и ќе добие V8 од AMG кој испорачува 550 коњски сили!

Всушност, Aston Martin ја продолжува соработката со Mercedes-AMG – и токму германците ќе го испорачуваат 4-литарскиот твин-турбо V8 кој ослободува 550 коњски сили и моќни 700 Nm вртежен момент. Според официјалните изјави од Aston Martin, се очекува DBX да има максимална брзина која ќе надминнува 290 километри на час.

Инженерите на Aston Martin се навистина уверени во перформансите на DBX – и има зошто. Првиот SUV на Aston Martin веќе успева да направи круг околу Nurburgring за помалку од 8 минути. Секако, луѓето од Aston Martin посветуваат многу време и на звукот – сепак, токму звукот е една од најпрепознатливите карактерни особини на Aston  Martin.

Главниот инженер на Aston Martin – Matt Becker – изјави дека „ја концентрираме нашата работа да бидеме сигурни дека калибрацијата на 4-литарскиот твин-турбо V8 ќе ги испорача секојдневната употребливост и рафинираност кои ги очекуваат купувачите на SUV. Но истовремено, посветивме многу внимание на возната динамика која нашиот бренд ја бара и која е дел од секој Aston Martin – и првите резултати се неверојатно ветувачки.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.