Ако сакате нешто малку повеќе од ретро – можете да го побарате (верувале или не) од Toyota – јапонскиот бренд повеќе од 30 години го продава легендарниот Land Cruiser во Јужна Африка и други делови од светот.
Всушност, она што го гледаме е специјалната Namib изведба на овој Land Cruiser. Под поклопецот носи 4.5-литарски V8 турбодизел кој испорачува 205 коњски сили и 430 Nm вртежен момент меѓу 1200 и 3200 вртежи во минута. Land Cruiser Namib добива и зајакната суспензија, 16-инчни тркала обвиени во теренски гуми, како и уште некои ситни додатоци на екстериерот кои го издвојуваат од обичните изведби – како што е големиот челичен преден браник кој има интегрирани светла.
Кабината добива седишта обвиени во специјален сив материјал со извезено Namib лого, ладена касета пред совозачот и уште неколку други ситници. Сите верзии добиваат и мултимедијален уред со екран чувствителен на допир кој има навигација и можност за Bluetooth поврзување, но и други модерни парчиња опрема како што се електричното задвижување на прозорците, нагодување на управувачот по висина и длабочина, централна брава со далечинско, ABS, две воздушни перничиња, итн..
Цената за сето ова? Околу 55.000 Евра. Во Јужна Африка, секако.