За оние со активен животен стил, пристигна новиот Ford Focus Active – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

За оние со активен животен стил, пристигна новиот Ford Focus Active

За оние кои имаат поактивен животен стил и сакаат автомобил кој од една страна ќе биде поробустен и ќе ги отсликува нивниот карактер, а од друга страна нема да биде SUV – пристигна новиот Ford Focus Active.

Меѓу неколкуте различни верзии кои Ford ги покажа кога го промовираше новиот Focus беше и Active верзијата. Focus Active е наменет за оние кои имаат поактивен и подинамичен животен стил, и бараат автомобил кој ќе ги рефлектира нивните интереси, без притоа да биде голем SUV.

Focus Active добива повисока суспензија, заштитни панели околу каросеријата, гуми со повисок профил, кровни носачи и уште неколку ситни додатоци за да добие теренски кредибилитет и да се издвои од другите верзии кои Ford ги нуди. Како и другите варијанти на Focus, може да се добие како класичен хечбек, или пак попросторен караван.

Цените за Ford Focus Active на нашиот пазар започнуваат од 23.700 Евра за модел кој го носи 1-литарскиот EcoBoost со 125 коњски сили, додека на самиот врв е верзијата со 2-литарскиот EcoBlue турбодизел со 150 коњски сили и автоматски менувач, која чини 33.200 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.