Новата Opel Corsa-e ќе биде првото електрично рели-возило! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Opel Corsa-e ќе биде првото електрично рели-возило!

Opel сака да ја популаризира електричната Corsa-e – а тоа ќе го направи преку Corsa-e Rally која ќе биде претставена во Франкфурт и ќе учествува на ADAC Opel e-Rally Cup!

Opel Corsa-e Rally ќе биде замена за тркачкиот Adam R2, а шампионатот ќе добие и ново име – 2020 ADAC Opel e-Rally Cup. Интересно е дека погонот е истиот кој ќе се вградува во сериски-произведуваниот автомобил – а тоа значи 136 коњски сили и 260 Nm вртежен момент, како и батериски модул со капацитет до 50 kWh.  Сепак, тркачкиот автомобил ќе добие соодветни модификации – скоро целиот ентериер е изваден, додадени се зајакнувања и безбедносен кафез, а вграден е и Torsen диференцијал со ограничено пролизгување. Стандардната Corsa-e забрзува до 100 километри на час за 8.1 секунда, но очекуваме дека тркачката верзија ќе биде побрза и – секако – подинамична.

„Новата Corsa-e е електричен автомобил за сите, целосно подготвен за секојдневна употреба и достапен. Тоа се атрибути кои се апликативни и за моторспортот, а новата Corsa е забавна за возење и динамична, па благодарние на тоа, ние сме првиот производител во светот кој подготви електрично рели-возило.“ – изјави претседателот на Opel, Michael Lohnscheller. Дополнително, од Opel кажуваат дека планираат да направат 15 примероци од тркачката Corsa-e за овој шампионат, а цената би била под 50.000 евра.

Новиот рели шампионат ќе започне следното лето, а првите трки ќе бидат на одредени настани во рамките на Германскиот Рели Шампионат. Opel и ADAC планираат најмалку 10 квалификациски рунди кои ќе се одржат во текот на 2020 и 2021, а тоа го нарекуваат „Супер-Сезона“. Идејата на германскиот бред е секако интересна, и сигурни сме дека ќе придонесе до значителна популаризација на електричните автомобили – особено кај помладите и оние кои ги следат ваквите спортски настани.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.