full screen background image
Search

Акциска понуда за Peugeot 208 и 2008 – во која има сè!

Нашите пријатели од Еуроимпекс направија специјална акциска понуда за моделите Peugeot 208 и 2008 – за која кажуваат дека има сè!

Моделите 208 и 2008 се особено привлечни на нашиот пазар. Peugeot 208 е компактно градско возило кое преку дизајнот и францускиот шарм се издвојува од останатите во сегментот. Од друга страна, Peugeot 2008 е најмалиот во гамата на SUV возила на францускиот бренд, а истовремено е урбано и моќно возило кое се издвојува од толпата со неговиот самоуверен дизајн и е создаден да совлада сè!

Со цел на исполнување на слоганот кој го носи оваа кампања ИМА СÈ, во опремата се вклучени богати системи за безбедност и помош при возење, дополнителни елементи за удобност и комфор на возачот и патниците, како и:

  • патен компјутер
  • Автоматско заклучување на возилото при тргнување
  • Висинско подесување на возачко седиште
  • Преклопна и деллива задна клупа 2/3 – 1/3 со 3 наслони за глава, 2 ISOFIX приклучоци за седиште
  • Рачки и ретровизори во боја на возилото
  • Hill Assist
  • Заден спојлер
  • Електрично подесиви ретровизори со загревање
  • 3D LED задни светла
  • LED дневни светла
  • Мануелен клима уред
  • Touch screen + 6 звучници + команди на управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез
  • Управувач пресвлечен со кожа
  • Предни светла за магла
  • и многу повеќе…

За повеќе информации обратете се во продажно-сервисната мрежа на Peugeot или на www.peugeot.com.mk и закажете тест возење.
Повеќе за понудата на: https://peugeot.mk/ponudi/active-drive

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.