Клубот на фанови на MINI го прослави 60-тиот роденден на легендарниот британски автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Клубот на фанови на MINI го прослави 60-тиот роденден на легендарниот британски автомобил

Денес во нашиот главен град беше прославен 60-тиот роденден на легендарниот деминутивен британски автомобил – малиот MINI!

Посетителите на настанот имаа можност да уживаат како во постари, така и понови автомобили на овој легендарен бренд, а дури ни високите температури не ги обесхрабрија минувачите. Настанот го поддржаа и членовите на Буба Клуб Македонија, но сепак главниот збор го имаа сопствениците и љубителите на MINI.

На MINI му го честитаме роденденот, на клубот му посакуваме уште многу дружење и многу членови, а во галеријата погледнете како изгледаше денешниот настан.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.