full screen background image
Search

Почина Ники Лауда – трикратен F1 првак и вистински великан во автомобилизмот

Андреас Николаус „Ники“ Лауда – трикратен шампион во Формула 1 и незаменлив лик во рамките на спортот почина вчера на 70 години.

„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ники почина спокојно во понеделник, опкружен со своето семејство“ – изјави семејството во објава.

Ники Лауда беше легендарен возач, кој преживеа сериозна несреќа на Германското Гран При во 1976-та година, каде претрпе сериозни изгореници. Неговиот силен дух и желбата за тркање го вратија на тркачата патека само шест недели по несреќата. Иако одамна се повлече од трките, тој беше редовно присутен на Ф1 патеките како дел од F1 тимот на Mercedes-Benz, но и како активен амбасадор на спортот. Ники Лауда неколкупати ја посети и нашата земја.

Почивај во мир.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.