Темелно освежување за Audi A4 – претставен и S4 TDI со 350 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Темелно освежување за Audi A4 – претставен и S4 TDI со 350 коњски сили

Audi подготви темелно освежување за A4 – и одеднаш ги претстави фејслифтираните A4, A4 Avant, A4 Allroad, S4 TFSI и S4 TDI.

Освежувањето започнува на предниот дел, кој добива нова, пониска и поширока маска на ладилникот, нови предни светла и редизајнирани браници. А4 стандардно ќе доаѓа со LED светла, но купувачите ќе можат да нарачаат Matrix LED предни светла кои се целосно автоматизирани. Заднот добива редизајнирани задни светла кои влечат инспирација од поголемиот А6, како и редизајниран заден браник.

Кабината ја добива најновата верзија на MMI мултимедијалниот уред кој сега има 10.1-инчен дисплеј како и ревидиран систем за навигација. Ќе бидат достапни три различни панели со инструменти – два кои се делумно аналогни, како и целосно-дигитална опција.

Во однос на моторите, ќе се нудат неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори. Бензинците доаѓаат во форма на A4 35 TFSI со 147 коњски сили и A4 55 со 241 коњска сила, додека дизелите се со моќност од 190, 230 или 3.0 TDI со 230 коњски сили. Новитет кај A4 е и хибридизацијата на понудата преку 12-волтен електричен систем и соодветна батерија, која дополнително ќе ја намали потрошувачката на веќе-економичните мотори.

Секако, освежен е и S4, кој и понатаму користи 3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 350 коњски сили, а новитет е S4 TDI кој благодарение на 3-литарски турбодизел располага со 347 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Со овој мотор, S4 TDI катапултира до 100 километри на час за 4.8 секунди и постигнува електронски-ограничени 250 километри на час. Турбодизелот добива 48-волтен систем, како и електричен турбополнач со кој скоро целосно се елиминира турбо-дупката.

Поврзано:  Во салонот на Audi е изложен електричниот Q4 e-tron

Освежните варијанти на А4 се очекуваат во салоните наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.