Audi S4 го добива 347-коњскиот V6 турбодизел од S6 и S7! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi S4 го добива 347-коњскиот V6 турбодизел од S6 и S7!

Германскиот премиум спортски седан сега може да се нарача и со 3-литарски V6 TDI турбодизел кој испорачува 347 коњски сили и 700 Nm вртежен момент!

Откако неодамна ги претстави S6 и S7 Sportback со овој мотор, а потоа го понуди и во S5 и S5 Sportback, германскиот бренд и официјално го вгради моќниот 3-литарски TDI со електричен компресор и во Audi S4 седанот, односно S4 Avant караванот.

Моторот испорачува 347 коњски сили (ајде да заокружиме на 350) при 3850 вртежи во минута и моќни 700 Nm вртежен момент меѓу 2500 и 3100 вртежи во минута. Дел од пакетот се веќе-споменатиот електричен компресор, како и лајт-хибриден систем кој го елиминира турбо-лагот.

Резултатите од сето ова? Седанот катапултира до 100 километри на час за 4.8 секунди, додека на караванот му требаат 4.9 секунди за истиот бенчмарк. Обата автомобили се електронски ограничени на 250 километри на час, а според официјалните бројки од Audi – потрошувачката е само 6.2, односно 6.3 литри дизел гориво на 100 изминати километри.

Идеалната комбинација? Можеби, можеби…



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.