full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуваат за половина, односно еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат за половина, односно еден денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.12%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 0.5 денари и еден литар гориво ќе чини 72.00 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за 1 денар, па еден литар ЕУРОСУПЕР-98 од вечерва на полноќ ќе чини 74.00 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 63.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.