full screen background image
Search

Се пријавивте за Continental Black Chili?

Пријавете се за Continental Black Chili предизвикот – и освојте можност да возите 6 престижни автомобили во прекрасни предели во Франција!

Минатата година добивме покана да учествуваме на Black Chili Challenge – прекрасен настан кој го организира производителот на гуми Continental. Исто како и минатата година, и оваа година Black Chili Challenge се одржува во Франција, а за да освоите можност да учествувате и вие, сè што треба да направите е да се пријавите на blackchili.mk.

Ние минатата година имавме можност да возиме неколку различни супер-спортски автомобили – од електричната Tesla Model S, па супер-динамичниот Porsche 718 Boxster, преку Audi RS3, до Mercedes-AMG C43 Convertible и BMW M240i – врвни спортски автомобили кои навистина можат да понудат многу.

Дојдоа до нас гласини дека оваа година во „ергелата“ се додадени и новиот Ford Mustang, како и електричниот Jaguar I-Pace. Интересна група автомобили, нели? Затоа, трк на blackchili.mk, одговорете ги прашањата и стискајте палци дека токму Вие ќе одите во Франција на Continental Black Chili Driving Experience!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.