Отворена нова продавница на Мега Ауто Партс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Отворена нова продавница на Мега Ауто Партс

Вчеравечер свечено беше отворена новата, супер-модерна и опремена продавница на Мега Ауто Партс во населбата Кисела Вода во Скопје.

На свеченото отворање на новата продавница на Мега Ауто Партс беа поканети сите партнери, деловни соработници, големи клиенти, вработени и пријатели на Мега Ауто Партс. Од компанијата кажуваат дека нивната цел е на клиентите да им понудат што е можно повисок квалитет за пристојни цени, а сето тоа да биде проследено со професионална, брза и ефикасна услуга.

Дополнително, од Мега Ауто Партс кажуваат дека со новата продавница го исцртуваат патот кон подигнување и поставување нови стандарди во работењето со авто-делови во нашата земја. Покрај вообичаениот асортиман на делови од многуте брендови со кои соработува Мега Ауто Партс, во новата продавница за прв пат нудат и широка лепеза на производи за авто-козметика, како и додатоци за возила.

Инаку, ова е целосно-нова продавница на Мега Ауто Партс, и воедно е шестта во низата на продавници на компанијата. Ако ја додадеме Про Партс франшизата која е присутна во Охрид, Струга и Кичево, тогаш новата продавница е деветта, а од компанијата најавуваат и нова продавница – а за локацијата и тајмингот на тоа отворање ќе бидеме дополнително известени.

Новата продавница се наоѓа на Бул. Борис Трајковски во населбата Кисела Вода. Им посакуваме среќа и успех во работата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.