ПРЕМИЕРА: Volkswagen T-Roc R – 300 коњски сили, 4Motion и „стотка“ за 4.9 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen T-Roc R – 300 коњски сили, 4Motion и „стотка“ за 4.9 секунди!

Volkswagen сака да понуди SUV со високи перформанси кој ќе биде подостапен за купувачите – и го нуди токму тоа со T-ROC R со 300 коњкси сили!

Volkswagen кажува дека T-Roc R е „концепт кој е многу блиску до сериско производство“ – но да не измислуваме изговори и приказни, ова е серискиот T-Roc R.

Со новиот T-Roc R, Volkswagen за прв пат ја користи R ознаката кај еден SUV. Новиот спортски кросовер-SUV ја користи истата погонска единица која се нуди и кај Golf R – 2-литарскиот турбо бензинец кој испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите четири тркала преку 7-степен DSG менувач со двојна спојка.

Соодветно на тоа, перформансите воопшто не се за занемарување. Спринтот до 100 километри на час трае само 4.9 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Очекувано, T-Roc R добива и доработена шасија, спортска суспензија, спортски управувач и 17-инчни дискови за сопирачките преземени од Golf R Performance. Секако, T-Roc R добива и Launch Control систем за брзо стартување, Race режим за возење, но и можноста да се деактивира контролата за стабилност.

Поработено е и на стајлингот – па T-Roc R добива спортски браници со поголеми отвори за воздух, голема маска на ладилникот, четири завршетоци за издувниот систем, ексклузивни 18-инчни тркала (или доколку сакате, можете да нарачате и 19-инчни), хромирани надворешни ретровизори, заден спојлер, пошиорки крила, и уште многу, многу повеќе. Кабината добива спортски управувач, спорски седишта, црни тапацири и цела гама на спортски додатоци и ситници.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.