ПРЕМИЕРА: Škoda Kamiq е новиот урбан SUV! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Škoda Kamiq е новиот урбан SUV!

Со Kamiq, чешкиот бренд ја дополнува својата понуда на Crossover и SUV модели со нов, модерен урбан SUV.

Новиот Kamiq ја следи дизајнерската насока која Skoda ја постави со големиот Kodiaq и (нијанса помалиот) Karoq, но и со новата Scala. Веднаш ги препознаваме поделените предни светла со дневни светла, тродимензионалните задни светла и чистите и јасни линии по кои е препознатлив чешкиот бренд. Kamiq е поставен на MQB платформата и е долд 4241 милиметар – а со тоа нуди рекордна просторна понуда во класата.

Секако, Kamiq доаѓа и со многу напредни системи за асистенција, меѓу кои ги издвојуваме Front Assist (со автоматско сопирање во град и препознавање на пешаци) и Lane Assist, адаптивен темпомат, Crew Protect Assist системт кој автоматски ги затвора прозорците и ги затега безбедносните појаси, Side Assist кој препознава возила во „слепата точка“ и уште многу, многу други додатоци.

Kamiq ќе биде достапен со пет мотори – сите со директно вбризгување и турбополнење. Сите мотори доаѓаат со систем за рекуперација на енергијата при сопирање, како и Start-Stop технологија и ги исполнуваат Euro 6d-TEMP стандардите. Понудата започнува со 1-литарскиот TSI со 95 коњски сили. Над него е 1-литарскиот TSI со 115 коњски сили, а на врв на бензинската понуда е 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили, 250 Nm вртежен момент и ACT систем за деактивација на цилиндрите.

Доколку сакате турбодизел, во понудата ќе го најдете 1.6-литарскиот TDI со 115 коњски сили и 250 Nm, а за оние кои сакаат да возат на природен гас, тука е 1.0 G-TEC со 90 коњски сили и 160 Nm вртежен момент. Во зависност од моторот кој ќе го одберете, ќе можете да одберете и меѓу мануелен менувач со 5 или 6 брзини, или пак 7-брзински DSG автоматски менувач.

Kamiq е одвоен од подлогата за дополнителни 37 милиметри во однос на Skoda Scala, а ќе може да се нарача Sport Chassic Control систем кој доаѓа со пониско подвозје и електронси-контролирани амортизери. За оние кои сакаат да го напуштат асфалтот, ќе може да се нарача дополнителна заштита за подвозјето.

Skoda Kamiq ќе биде официјално претставен во Женева, а продажбата се очекува да започне наскоро.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.