KIA во Женева ќе го претстави новиот XCeed, како и концепт за електричен автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA во Женева ќе го претстави новиот XCeed, како и концепт за електричен автомобил

KIA се подготвува за сериозен настап во Женева – со XCeed ќе ја комплетира Ceed понудата, но ќе претстави и електричен концепт кој би требало да најави возбудлива иднина.

Сега за сега немаме никакви официјални податоци – од обата автомобили имаме само скици. Сепак, можеме да очекуваме дека XCeed ќе биде поробустна верзија на Ceed – а со тоа KIA ќе ја заокружи понудата на Ceed семејството. Колку за потсетување, KIA веќе го нуди Ceed во хечбек изведба, како караван, како и несекојдневниот ProCeed. Со Xceed ќе биде додадена и кросовер изведба, а со тоа Ceed семејството ќе има да понуди по нешто за секого.

Интересно е што се очекува XCeed да добие и плаг-ин хибридна верзија до крајот на оваа година, а според плановите KIA би требало да понуди и плаг-ин хибридна верзија на караванскиот Ceed.

Вториот новитет ќе биде сè уште неименуваниот концепт кој KIA го подготвува. Сега за сега имаме само една не-баш-супер-јасна фотографија од формата и светлосниот потпис на концептот, но од KIA кажуваат дека ќе биде „визуелно отелотворување на желбата на компанијата да оди напред во возбудливиот свет на електрификацијата“ и дека неговата цел е „да го забрза ритамот на срцето.“

Саемот на автомобили во Женева започнува наскоро, и оваа година ветува дека ќе биде навистина интересен!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.