full screen background image
Search

Opel се подготвува да ја претстави новата Corsa – ветува врвни технологии меѓу малите автомобили!

Opel годинава ќе ја претстави шестата генерација на популарната Corsa – која ветува дека ќе донесе револуција во осветлување на мали автомобили.

Повеќекратно наградуваната IntelliLux технологија на Opel ќе се најде и кај новата COrsa.. Новоразвиената Corsa ќе го прикаже прв пат адаптивниот систем за предни светла со флексибилно светло кое ги импресионираше експертите и клиентите од своето претставување на сегашната генерација на Opel Astra (Европски автомобил на годината за 2016). По нивното претставување во компактната класа, matrix фаровите (кои најчесто се наоѓаат само кај скапите премиум автомобили) ќе се појават за прв пат во многу популарниот пазарен Б сегмент – најголемиот во Европа.

Matrix предните светла автоматски и постојано се прилагодуваат на сообраќајната ситуација и околината. При приближување до други возила или до оние што се пред вас, едноставно се „отсечени“ од осветлената област. Блесокот е минимизиран и возачите имаат оптимална видливост – како што наскоро ќе биде случај со новата генерација на Opel Corsa.

„Ние годинава прославуваме 120 години автомобилско производство и тоа се 120 години полни со иновации за сите“ – изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер,  и додаде – „Отсекогаш сме правеле врвни технологии достапни за сите. Тоа е нашата мисија и мотивација и се однесува особено на модел кој е популарен како Opel Corsa. Затоа ќе ја опремиме следната генерација на нашиот бестселер со најдобрата технологија на осветлување – IntelliLux LED® matrix фарови“.

 

Ништо помалку важна не ниту вестта за електричната Corsa. Opel оваа година ќе ги отвори нарачките за два електрифицирани модели – новата Corsa, како и плаг-ин хибридната верзија на Grandland X теренецот. Со воведувањето на електричен автомобил во овој сегмент, Opel сака да ја направи електричната мобилност многу подостапна – всушност самите кажуваат дека „тоа ќе биде вистински електричен автомобил за луѓето.“

Поврзано:   Opel се враќа во Русија - ќе започне и локално производство


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.