full screen background image
Search

Lexus најавува хардкор RC F Track Edition наменет за тркачките патеки

Јапонскиот луксузен бренд ќе го искористи Саемот на Автомобили во Детроит да прикаже хардкор верзија на спортскиот RC F.

Иако сега за сега немаме никакви официјални податоци, веќе се шират некои гласини за тоа што можеме да очекуваме од Lexus RC F Track Edition.

Инсајдери веќе кажуваат дека RC F Track Edition ќе добие ревидирана суспензија која ќе биде наменета за подобрувње на перформансите на тркачите патеки. Понатаму, RC F Track Edition ќе добие и спортски бодикит со изменети браници, многу детали од карбон, како и голем заден карбонски спојлер. Дел од равенката ќе бидат и големи (и лесни) тркала обвиени во спортски „лепливи“ пневматици.

Сега за сега нема никакви информации околу ревизија на погонската единица – атмосферскиот 5-литарски V8 веќе испорачува 470 коњски сили и 530 Nm вртежен момент, па не е дека му недостасува моќност. Сепак, бидејќи се работи за хардкор верзија, можеби инженерите од Lexus ќе нè изненадат!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.