Од една страна имаме голем мега-седан во форма на Panamera Turbo S E-Hybrid со 680 коњски сили, од другата страна иконскиот 911 Turbo S со 580 коњски сили. Што мислите, кој е побрз на половина милја?
„На хартија“ работите се интересни – иако Panamera Turbo S E-Hybrid има 100 коњски сили повеќе, истовремено тежи скоро 700 килограми повеќе не само поради поголемите димензии, туку и поради батериите и електромоторите. Но сепак, зборуваме за Porsche… Да не го расипуваме резултатот – уживајте.