Американскиот Rivian ќе нуди електричен SUV со огромни батерии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Американскиот Rivian ќе нуди електричен SUV со огромни батерии

Rivian, американска компанија со седиште во Мичиген, неодамна го претстави својот целосно електричен SUV – Rivian R1S. Производството е најавено за 2020-та година и веќе се доделени приближни датуми на купувачите кои го приложиле својот депозит.

Овој 5 метри долг SUV може да биде опремен со 5 или 7 седишта, има два огромни екрани (12.3 инчи за инструмент таблата и 15.6 инчи за контролирање на внатрешните функции) и навистина аглест – но сепак модерен изглед кој одговара на денешните „модерни но ретро“ трендови.

R1S ќе се нуди со три различни батерии: 105 kW, 135 kW и 180 kW. Најмалата, најефтина опција од 105 kW произведува 407 коњски сили, забрзува од 0-100 км/ч за 4.9 секунди и има максимална брзина од околу 200 км/ч. Со едно полнење на батериите ќе има автономија од околу 385 километри.

Втората опција од 135 kW е всушност најмоќната при мерења: произведува 753 коњски сили и 1120 Nm вртежен момент од своите 4 електрични мотори! Спринтот до „стотка“ го навршува за само 3 секунди и има автономија од речиси 500 километри со едно полнење.

Третата опција со батерија од 180 kW ќе биде наменета за подолги патувања – автономијата ќе изнесува 660-тина километри со едно полнење. Ќе има моќност од 700 коњски сили, вртежен момент од 1120 Nm вртежен момент и ќе му бидат потребни 3.2 секунди од 0 до 100 км/ч. Единствен недостаток на поголемата батерија е што овој модел ќе се нуди исклучиво со 5 седишта, бидејќи просторот за третиот ред ќе биде пополнет со батерии.

Очекувана почетна цена е $65.000 во САД.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.