full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новата Mazda 3 е секси хечбек (или седан)!

Mazda ја покажа новата Тројка – а со неа доаѓа најновата интерпретација на KODO дизајнерскиот пристап, но и нови технологии и мотори!

Mazda ја опишува новата Тројка како „изгрејсонце на нова ера“. Новата Mazda 3 е навистина важен модел за јапонскиот производител, бидејќи со себе носи многу новитети. Ова е првиот автомобил кој е поставен на Skyactiv-Vehicle Architecture платформата, но и првиот модел кој ќе се нуди со SKYACTIV-X бензинскиот мотор кој комбинира технологии од бензински и дизелски мотори – односно Spark Controlled Compression Ignition системот кој користи свеќички, но и компресија за да го запали горивото.

Дизајнот е навистина привлечен – барем во нашите очи. Хечбекот изгледа попривлечно од седанот, но навистина немаме забелешки. Чистите и остри линии резултираат со навистина привлечен, па дури секси дизајн кој изгледа особено привлечно, особено во оваа привлечна црвена боја. Дизајнот е еволуција на тековниот, но во вистинска насока – ни се допаѓаат и заострените светлосни групи, но и малите задни светла. Кога во светот владеат трендови на огромни детали, Mazda се концентрира на ситниците.

Кабината е значително подинамична од досегашната – минималистичкиот дизајн одлично му прилега на екстериерот. Пред возачот се инструментите, а на централната конзола е поставен 8.8-инчен мултимедијален уред. Од Mazda ветуваат дека во кабината ќе пронајдеме многу интересни детали.

Под поклопецот – во зависност од пазарот – ќе се најдат неколку различни погонски единици. Сега за сега немаме точни детали, но веќе е потврдено дека ќе се вградуваат 1.5-литарски, 2-литарски и 2.5-литарски бензински мотори, како и 1.8-литарски турбодизел. Skyactiv-X моторот ќе се комбинира со M Hybrid хибриден систем кој дополнително ќе ја подобри економичноста.

Поврзано:   Новата Mazda 3 ќе дебитира во Лос Анџелес


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.