РЕТРОСПЕКТИВА: Porsche 911 – Раѓање на легендата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

РЕТРОСПЕКТИВА: Porsche 911 – Раѓање на легендата

Јавноста е во исчекување – на 27-ми Ноември официјално ќе биде претставена новата, осма генерација на Porsche 911. Деновите пред дебитирањето се одлични за кратка ретроспектива на минатите генерации и нивната постојана еволуција.

Септември, 1963-та година: Porsche со гордост го најавува и претставува наследникот на моделот 356 на авто-саемот во Франкфурт под името 911. Новиот спортски автомобил сега има 6 цилиндри, 130 коњски сили и со неговите динамички способности ги надминува сите очекувања, поради што го заслужува епитетот „вистинско Порше“.

Средината на 60-тите години е период во кој во САД владее аверзија кон кабриолети и автомобили без кров. Тука Porsche ја најавува универзалната природа на 911. Покрај класичниот кабриолет, го претставува и Porsche 911 Targa под слоганот „првиот безбеден кабриолет“. Безбедноста доаѓа од еден вид на шина која ги штити патниците во случај на превртување.

Во 1966-та година, покрај премиерата на до тогаш најмоќниот 911, 160 коњскиот 911S, својата премиера ја има и можеби најпознатиот автомобилски бандаж на планетата: Fuchs. Само една година подоцна, претставени се дополнителни варијанти на 911: 911 Т со 110 коњски сили, како и 911 Е (од германскиот збор Einspritz кој значи „вбризгување“), моделот со кој Porsche стана првиот германски производител кој ги задоволувал строгите стандарди за штетни емисии во САД.

На крајот на 60-тите години, 911 моделите добиваат продолжено меѓуоскино растојание од 57mm со што управувањето станува попредвидливо. Тој е исто така крај за 2 литрарските мотори и почетокот на постепено зголемување на зафатнината. Во 1969-та година моторот се зголемува на 2.2 литри, додека во последните години од првата генерација се искачува на 2.4 литри за стандардните модели, а 2.7 литри за 911 RS, модел кој сам по себе претставува легенда во очите на сите Porsche ентузијасти.

Поврзано:  Ова е новиот Rezvani RR1

911 RS е произведен во само 1525 примероци, со тежина од само 1000 килограми, 210 коњски сили и максимална брзина од 245 км/ч – бројки кои во тоа време биле извонредни! Вкупно 111.995 примероци на 911 биле произведени од 1963-та до 1973-та година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.