full screen background image
Search

Cupra планира да лансира седум нови модели до 2021

Cupra брендот на SEAT планира да лансира седум нови модели до 2021, меѓу кои и SUV кој воопшто нема да влече потекло од „мајчинскиот“ бренд.

Директорот за Бизнис Развој и Стратегија во Cupra – Antonio Lebate – ги откри плановите на компанијата на неодамнешен прес настан. Тој кажа дека меѓу седумте нови модели на Cupra ќе бидат и лимитирани серии на Ateca, но и дека нема да биде толку едноставно како лансирање Cupra верзија на секој модел на SEAT.

Брендот Cupra е замислен да биде независен ентитет, и веќе ги претстави Cupra Ateca како и Cupra e-Racer. Електричниот тркач е токму тоа – тркачки автомобил, па него нема да го видиме на улиците, но првите тестови на Cupra Ateca веќе пристигнаа и впечатоците се позитивни. Под поклопецот на Ateca Cupra се крие 2-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

Според некои најави, следен засебен Cupra модел ќе биде жешка верзија на хечбекот Leon. Понатаму можеме да очекуваме и Cupra Tarraco, како и Cupra Arona, а според некои најави веќе се работи на кросовер кој воопшто нема да се нуди под капата на SEAT. Се очекува дека сите модели ќе го користат 2-литарскиот TSI, а како што и можеме да очекуваме – сите ќе користат слични дизајнерски детали.

Очигледно одлуката на Volkswagen групацијата да ја издвои Cupra како засебен бренд се покажа како правилна – интересот за моделите на Cupra, како и самиот бренд е на прилично високо ниво. Останува да видиме во која насока ќе се движат новите модели – но сигурно ќе бидат брзи и забавни!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.