Новата Mazda 3 ќе дебитира во Лос Анџелес – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Mazda 3 ќе дебитира во Лос Анџелес

Mazda потврди дека наскоро ќе ја покаже најновата генерација на популарната „Тројка“ – и дека премиерата е закажана за саемот на автомобили во Лос Анџелес.

Премиерата е веќе закажана за крајот на Ноември – односно за време на Los Angeles Auto Show. Саемот на автомобили во Лос Анџелес ќе се одржи од 30-ти Ноември до 9-ти Декември, и веќе се најавени неколку светски премиери.

Новата Mazda 3 ќе дебитира во две варијанти – како седан со четири врати и хечбек со пет врати. Од Mazda кажуваат дека новата тројка ќе биде вовед во целосно нова генерација на Mazda возила кои „ќе испорачаат нови димензии во уживањето кај купувачите ширум светот.“

Новата Mazda 3 ќе биде поставена на најновата генерација SkyActiv архитектура која доаѓа со грст нови придобивки – меѓу кои подобрена цврстина и подобрено управување. Ќе ги добие и новите SkyActiv мотори, меѓу кои и новиот SkyActiv-X бензински мотор кој комбинира дизелски и бензински технологии. Моторот се очекува да испорача некаде околу 200 коњски сили и 230 Nm вртежен момент.

Продажбата би требало да започне во првата половина од следната година, а новиот хечбек дизајнерски ќе влече инспирација од одличниот Kai концепт кој Mazda го покажа минатата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.