Ако некогаш сте се запрашале што би се случило доколку автомобилот се мие со многу посилен млаз од вообичаениот во автопералните ова видео го има вашиот одговор.
Најдобар притисок на водата за миење на валканите делови од автомобилот е околу 140 бари, а сите високопритисни апарати кои ги има во пералните се во близина на оваа бројка. Доколку автомобилот се мие со помал притисок прљавштините ќе останат на него. Но за да дознае што ќе се случи со автомобилот ако се зголеми притисокот за 20тина пати, Данската филмска продукција „Spot on studios“ го направи овој обид на еден Peugeot 206.
Погледнете го ефектот на огромниот притисок над деловите на автомобилот!