Škoda откри – наследникот на Rapid ќе се вика Scala – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda откри – наследникот на Rapid ќе се вика Scala

Чешкиот бренд е навистина уверен во квалитетот на новиот компактен модел – до толку што реши да му даде и ново име. Добредојде, Scala!

Името Scala на латински значи „скали“ или „скала“ – и неговата цел е да го симболизира чекорот нанапред и нагоре кој Škoda го прави со новито модел.

„Со новата Škoda Scala отвораме ново поглавје во компактната класа на Škoda.“ – рече претседателот Bernhard Maier, и додаде – „Ова е целосно нов развој кој сака да постави нови стандарди во онос на технологијата, безбедноста и дизајнот во класата. Сигурни сме дека Scala има најдобра шанса да го редефинира овој сегмент за Škoda.“

Škoda веќе го најави новиот автомобил со одличниот Vision RS концепт кој неодамна го претстави во Париз. Сигурни сме дека финалниот автомобил нема да биде толку динамичен, но мораме да признаеме дека концептот навистина нè возбуди, а судејќи по она што го видовме – позитивните реакции се универзални. Воопшто не би биле изненадени доколку за година-две Škoda одлучи да понуди и Scala RS. Зошто да не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.