full screen background image
Search

Новиот Focus е веќе изложен во салонот на Ford!

Сосем неочекувано налетавме на новиот Ford Focus – кој веќе е изложен во салонот на Ford во Скопје!

Ford-овиот натпреварувач во Ц-сегментот веќе пристигна и кај нас. Сосем случајно налетавме на новиот Focus кој е изложен во салонот на Ford на Ми Да Гранд Моторс во Скопје.

Изложениот модел е во Trend Edition ниво на опрема, и го носи одличниот 1-литарски EcoBoost турбо-бензинец со 100 коњски сили. Во кабината ќе забележите привлечни седишта и многу опрема, а моделот носи и привлечни 16-инчни алуминиумски тркала.

За и самите да го видите новиот Focus, како и за повеќе информации и цени посетете го салонот на Ford, а во меѓувреме прочитајте ја репортажата од нашето запознавање и прво возење со новиот Ford Focus во Франција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.