Ferrari ги претстави спектакуларните Monza SP1 и SP2 со монструозен V12 со 810 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari ги претстави спектакуларните Monza SP1 и SP2 со монструозен V12 со 810 коњски сили!

Monza SP1 е едносед без компромиси додека SP2 е конвенционален, но ултра-ексклузивен роадстер, а обата автомобили се придвижувани од 6.5-литарски V12 кој испорачува 810 коњски сили!

Автомобилите делат сличен дизајн, но се фундаментално различни – Monza SP1 е „безкомпромисен едносед кој нуди уникатно искуство зад воланот“, додека SP2 нуди место и за совозачот. Според она што го кажуваат од Ferrari, и двата автомобили влечат инспирација од иконските тркачки автомобили каков што е 166 MM од 1948-мата година.

Monza моделите воопшто немаат ветробранско стакло – а целта на оваа одлука е да се понуди искуство како во F1 болид. Автомобилите добиваат Virtual Wind Shield технолигија која според Ferrari успева доволно да го помести воздухот за на возачот да му биде комфорно во кабината дури и на повисоки брзини. Во кабините се пристапува преку мали врати кои се отвораат нагоре, а самата кабина нуди ексклузивен дизајн и материјали.

Според она што го кажуваат од Ferrari, и двата автомобили се придвижуваат од 6.5-литарски V12 кој е „најмоќниот мотор некогаш направен во Maranello“. Моќниот V12 испорачува 810 коњски сили и 720 Nm вртежен момент – доволно за забрзување до 100 километри на час за 2.9 секунди и 200 километри на час за само 7.9 секунди. Доколку се чувствувате храбри, можете да се обидете да ја постигнете максималната брзина од 300 километри на час – без ветробранско стакло.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.