Mercedes-Benz се подготвува да го претстави новиот GLE – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz се подготвува да го претстави новиот GLE

Германскиот производител на премиум автомобили објави скица од следниот GLE, чија премиера е закажана за саемот на автомобили во Париз.

Скицата нуди прилично добар поглед кон дизајнот на новиот германски SUV. Секако, скицата не е идентична како финалниот модел, но е доволно блиску за да ги загрее апетитите на фановите на луксузните теренци.

Новиот GLE (односно, она што порано беше ML) ќе воведе неколку новитети – меѓу другото, ќе го добие 3-литарскиот линиски шест-цилиндерски турбо-бензинец на Mercedes-Benz кој испорачува 362 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе се комбинира и со EQ Boost хибридна платформа за дополнителни 22 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, но само на „кратки релации“.

Секако, тука е и 3-литарскиот шест-цилиндерски турбодизел кој ќе се нуди во две варијанти – едната со 282 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, и уште една со моќни 335 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Во понудата ќе се најдат и неизбежните AMG варијанти кои се очекува да имаат 563, односно 603 коњски сили во AMG S изведба благодарение на моќниот 4-литарски твин-турбо V8.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.