full screen background image
Search

Hyundai i30 добива малку затегнати линии и нови мотори за новата моделска година

Новите линии на корејскиот хечбек го доведуваат во линија со i30 Fastback, додека новите мотори ги исполнуваат најновите Euro6 6d Temp стандарди.

Измените не се за занемарување – Hyundai i30 добива нов 1.6-литарски Smartstream турбодизел кој ги исполнува Euro 6d Temp стандардите. Новиот турбодизел ќе се нуди во три различни изведби – со 96, 116 и 136 коњски сили. Најслабата верзија ќе се добива само со шест-степен мануелен менувач, додека помоќните верзии ќе може да се добијат и со 7-брзински DCT автоматски менувач со двојна спојка.

Сите верзии на Smartstream турбодизелот добиваат систем за третман на издувните гасови со кој се намалуваат емисиите на штетни гасови. Најекономичната верзија е токму онаа основната која според официјалните податоци ќе троши само 3.8 литри гориво на 100 изминати километри и ќе емитува 99 грама C02 километар. Новитет кај бензинците е дека сега сите мотори ќе имаат филтер за ситни честички (сличен на DPF системот кај дизелските мотори).

Инаку, визуелните измени се сведуваат на нов браник (кој е како кај i30 Fastback) и две нови бои  – Stellar Blue и Olivine Grey. Кабината добива нов 8-инчен мултимедијален уред со интегрирани Apple CarPlay и Android Auto кој препознава гласовни команди.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.