full screen background image
Search

Најновиот Audi A6 пристигна во Македонија!

Најновата, петта генерација на германската луксузна лимузина пристигна во салонот на Audi во Скопје.

Најновата генерација на германската луксузна лимузина со себе носи многу новитети и нови технологии – всушност, најдобар начин да ја опишеме новиот A6 на Audi е како „помалa“ А8-ка.

Меѓу другото, можете да ги добиете сите автономни технологии, но и најновите мотори кои Audi ги нуди. На самиот почеток можете да добиете Audi A6 50 TDI кој носи 3-литарски турбодизел кој испорачува 286 коњски сили и 620 Nm вртежен момент, и Audi A6 55 TFSI кој носи 3-литарски TFSI турбо-бензинец кој испорачува 340 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Овие мотори се комбинираат со S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка и Quattro погон на сите четири тркала.

Пред возачот е поставен познатиот Audi Virtual Cockpit дигитален дисплеј од 12.3-инчи, а централната конзола ја сочинуваат два дисплеи – едниот со димензии од 8 или 10.1 инчи и вториот со димензии од 8.6 инчи преку кој се контролира клима-уредот и уште некои функционалности во кабината.

Како што ни кажуваат од Audi, сите модели ќе се добиваат со LED предни светла, а по нарачка ќе може да се добијат Matrix LED или Laser предни светлосни групи. Листата на дополнителна опрема кај германскиот премиум бренд е скоро бесконечна, па доколку сте заинтересирани ви препорачуваме да го посетите салонот на Audi. За оние кои сакаат поспортска изведба, тука е неизбежната S-Line варијанта, а понатаму ќе бидат понудени и S6 и RS6 изведби со многу, многу коњски сили.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Новиот Audi Q3 - Успешниот модел влегува во својата втора генерација!

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.