full screen background image
Search

Први фотографии од новиот Audi Q3!

Само еден ден пред официјалната премиера протекоа првите фотографии од новиот SUV од Инголштад – Audi Q3!

Првата генерација на германскиот SUV се покажа како навистина популарна – моделот кој се произведува од 2011 е продаден во повеќе од еден милион примероци и е вистинска успешна приказна за Audi.

Соодветно на тоа, очекувањата за новиот модел се големи. Секако, веќе знаеме дека можеме да ги очекуваме добро-познатите TSI и TDI мотори на Audi, како и можноста да се одбере меѓу мануелен и автоматски менувач, но и погон на предните и Quattro погон на сите четири тркала. Очекуваме дека Q3 ќе ги добие и новите технологии на Audi – виртуелниот кокпит, можност за полу-автономно возење и уште многу, многу други „ситници“.

На протечените фотографии се гледа новиот дизајн на германскиот SUV – дизајн кој очекувано е инспириран од другите Q-модели на брендот, но истовремено има и сопствен идентитет. Кабината влече инспирација од онаа кај големиот А7, а надворешноста зема некои елементи директно од големиот Q8.

Официјалната премиера е закажана за утре – а сега за сега имаме неколку фотографии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.