Audi подготви дискретен фејслифт за седанот А4 – добива и S-Line Competition пакет – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подготви дискретен фејслифт за седанот А4 – добива и S-Line Competition пакет

Германскиот производител го претстави освежувањето за A4 и А4 Avant – премиум седанот и караванот добиваат дискретни визуелни измени, нови бои и ново ниво на опрема.

Измените кои дизајнерите и инженерите од Инголштад ги подготвија за А4  се дискретни – па освежените седан и караван добиваат нови браници со петтоаголни отвори, нови дизајни на алуминиумски фелни, и уште неколку ситни „затегања на брчките.“ Предниот браник добива и засебни отвори за воздух кои овозможуваат подобар проток на воздухот кон предните крила, а S-Line моделите добиваат нова маска на ладилникот со подефинирана форма и редизајнирани куќишта за светлата за магла.

Меѓу другото, ќе забележите и нови завршетоци на издувниот систем, нова Turbo Blue сина боја и поагресивен спојлер на A4 Avant. Сепак, за нас е интересен S-Line Competition пакетот кој вклучува неколку интересни додатоци – 19-инчни Audi Sport тркала, црвени шепи на сопирачките, поагресивна и пониска спортска суспензија, LED предни светла, а во кабината добиваме RS карбонски додатоци, спортски седишта делумно обвиени во кожа и уште неколку други ситници.

Од Audi не кажуваат ништо околу моторите, па претпоставуваме дека германскиот седан ќе ги задржи истите погонски единици. Тоа значи дека A4 можете да го добиете со неколку различни мотори – од 1.4-литарски TFSI турбо-бензинец, па сè до 3-литарски V6 TDI, а достапна е и верзија која работи на природен гас. Секако, можете да изберете меѓу рачен менувач или S-Tronic менувач со двојна спојка, како и погон на предните или Quattro погон на сите четири тркала.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.