Се подготвувате за летото? Проверете го вашиот клима уред! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Се подготвувате за летото? Проверете го вашиот клима уред!

Нашите пријатели од Еуроимпекс нудат специјална проверка во седум точки на клима-уредот во вашиот автомобил, и тоа по специјална цена.

Како што наближува летото и дневните температури стануваат сè повисоки, важно е да бидиме сигурни дека клима-уредот во нашиот автомобил функционира како што треба. Нашите пријатели од Еуроимпекс подготвија специјална акција за контрола на клима уредот во седум точки, и тоа по специјална цена, и Ве советуваат: „препуштете се на максимално уживање во текот на возењето при жешките летни денови. Проверете и дополнете ги навреме клима уредите во вашите возила, по специјална цена од 1.300 денари“.

Акцијата вклучува дополнување на клима уредот и проверка на 7 контролни точки:

  • Визуелна контрола на каишот на компресорот на клима уредот,
  • Контрола на црева и цевки,
  • Контрола на ладилникот на клима уредот,
  • Контрола на работењето на квачилото на компресорот на клима уредот (во зависност од опремата)
  • Тест на притисокот на разладниот флуид
  • Контрола на температурата на воздухот во кабината
  • Проверка на нивото на течности

Како бонус за сопственинците на Peugeot автомобилите следи дополнителен попуст од 10% на сите работни зафати и делови.

Дочекајте го летото сигурни дека температурата во вашето возило ќе биде идеално прилагодена според вашите потреби.

Овластените сервисни центри на Еуроимпекс Ве очекуваат!

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.