Иџе ќе се натпреварува во TCR Europe со Hyundai i30 N TCR! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Иџе ќе се натпреварува во TCR Europe со Hyundai i30 N TCR!

Македонската автомобилска гордост – Игор Стефановски Иџе – денес официјално објави дека ќе се натпреварува во TCR Europe шампионатот со новото „службено“ возило – Hyundai i30 N TCR!

Новиот „службен“ автомобил на Иџе доаѓа од далечниот исток – тој ќе вози Hyundai i30 N TCR – автомобил кој е во целосна согласност со TCR спецификацијата. TCR Europe шампионатот ветува многу интересни трки и забава – на некои трки се очекува да учествуваат и до 30-тина натпреварувачи!

Тимот на Иџе во моментов брои 15-мина – и Иџе изјави дека ќе се бори силно и дека ќе даде сè од себе за македонското знаме да се наоѓа на подиумот колку што е можно почесто.  Тој самиот изјави – „Оваа година нè очекува голем предизвик. Ќе се обидам да влезам во борба со најдобрите во Европа кои ќе се обидат да го постигнат најдобриот резултат – и ние имаме слична цел!“

Иџе ни кажа дека новиот автомобил чини 128.000 евра, а дека за успешна сезона (доколку нема неочекувана штета на автомобилот) се потребни меѓу 400.000 и 500.000 евра. Дополнително, своевиден хендикеп е фактот дека Иџе ќе го добие новиот автомобил само ден-два пред првата трка на патеката Paul Ricard на 6ти Мај. Оваа година ќе се возат вкупно седум трки, а шампионатот -меѓу другите – ќе ги посети и SPA, Hungaroring и легендарната Monza.

Иџе се заблагодари на поддршката – како од фановите, така и онаа од медиумите и спонзорите – и вети дека ќе го даде најдоброто од себе. Само напред Иџе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.