Мотоцентар и Триглав со нова услуга: Осигурајте ги вашите гуми! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мотоцентар и Триглав со нова услуга: Осигурајте ги вашите гуми!

Мотоцентар и Триглав воведуваат нова услуга на пазарот – осигурување на гуми. Осигурувањето нуди 24 – часовна асистенција во Македонија и во Европа и обезбедува покритие за трошоци при издишана гума, кражба на гума, вандализам и механички оштетувања на гумите од предмети на патот.


Како што кажуваат од Мотоцентар – гумите се важен дел од автомобилот, бидејќи треба да ни обезбедат удобност и сигурност при возењето. Тие треба да имаат карактеристики, кои ќе ги издржат силите кои директно влијаат врз нив при кочење, забрзување, или вртење, притоа прилагодувајќи се на состојбата на патот по кој што се движат. Триглав Осигурување, во соработка со Мотоцентар, воведува нов производ на пазарот – осигурување на гуми – во рамките на кој што клиентите добиваат и 24-часовна асистенција во Македонија и во Европа.

Осигурување на гуми можат да обезбедат правни и физички лица, при купување нови гуми за патничко возило, не потешко од 3.5 тони.

Во зависност од степенот на истрошеност, се пресметува сопствено учество за набавка на нова гума.

Осигурувањето на гуми ги покрива трошоците за:

  • помош на пат, со цел оспособување на оштетената гума на возилото,
  • набавка на нова гума,
  • демонтажа и монтажа на гумата на тркалото,
  • балансирање,
  • нов тубелес вентил,
  • обезбедување на шлеп служба за возилото и превоз на патниците до најблискиот сервис,
  • чување на возилото, во случај кога автомобилскиот сервис е вон работно време.

Во случај кога има потреба за промена, или поправка на гума, клиентите можат да се јават во  асистентскиот центар, кој што, зависно од потребата, обезбедува директна асистенција на патот, шлеп служба, или пак ги упатува клиентите во најблискиот овластен сервис за поправка на гуми.

Подолу можете да го видите ценовникот за осигурување на гуми. Да речеме дека треба да купите четири пневматици во димензија 205/55-16, кои чинат 70-тина евра по гума. Вкупната вредност би била 280 евра, а осигурувањето би чинело само 10 евра – ако се прашуваме ние, ова е одличен начин да се заштитите од несакани и непланирани трошоци, и ваквата услуга е достапна ширум светот.

Ги поздравуваме нашите пријатели од Мотоцентар за одлуката да понудат ваква услуга на пазарот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.