Премиера: Audi e-Tron Vision Gran Turismo – Од виртуелниот, во вистинскиот свет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi e-Tron Vision Gran Turismo – Од виртуелниот, во вистинскиот свет!

Уникатниот тркачки автомобил кој доаѓа од Инголштад се транспортираше од виртуелниот во вистинскиот свет – а она што го гледаме е електричен тркач кој има 815 коњски сили и забрзува „до стотка“ за помалку од 2.5 секунди!

Audi e-Tron Vision Gran Turismo користи три електромотори – еден за предните тркала и по еден за секое од задните тркала за да испорача вкупно 815 коњски сили кон подлогата.

Благодарение на оваа моќност, електричниот тркач може да достигне 100 километри на час за помалку од 2.5 секунди – импресивно ако земеме во предвид дека тежи не-баш незначителни 1450 килограми. Но ова значи дека e-Tron Vision Gran Turismo тежи по 1.78 килограми за секоја коњска сила и има идеална дистрибуција на тежината од 50:50.

Интересна е одлуката на Audi да го користи концептот како Race Taxi, односно тркачко такси на неколку Formula E и други автомобилски настани оваа година. Зад управувачот ќе бидеат поранешниот DTM возач Rahel Frey, но и победникот на Le Mans – Dindo Capello. Првото јавно појавување ќе биде оваа сабота во Рим, а понатаму ќе се појави на уште неколку настани.

„Иако дизајнот на виртуелно возило дозволува поголема слобода при креирање на концептите кои тешко се преточуваат во реалноста, сепак не сакавме едноставно да напраивме измислен концепт на тркала“ – изјави Marc Lichte, главниот дизајнер на Audi и додаде – „Нашата цел беше да направиме целосно-функционално возило, а Audi e-Tron Vision Gran Turismo покажува дека електричната мобилност кај Audi е навистина емотивна.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.