Женева 2018: Peugeot ја започнува продажбата на новиот 508 со ексклузивниот First Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Peugeot ја започнува продажбата на новиот 508 со ексклузивниот First Edition

Новиот знаменосец на 508 ќе може да се нарача во ексклузивна, лимитирана верзија – и ќе ја носи сета опрема која францускиот производител ја нуди за големиот седан!

Peugeot 508 First Edition е изграден врз основа на веќе-врвиот 508 GT – но ја добива сета дополнителна опрема која Peugeot може да ја вгради во новиот седан. Ќе може да се нарача само во Ultimate Red црвена или Dark Blue сина боја за екстериерот, во комбинација со црни детали на предната маска. Дополнително, ќе добие големи, 19-инчни тркала во специјална боја и со засебен лак.

Не е штедено ниту во кабината, па таа е обвиена во материјали како алкантара, црна кожа и уникатно дрво. Кровот е во црна боја, а специјални наплатки на вратите со First Edition ознаки го означуваат уникатниот карактер на 508 First Edition. Купувачите ќе добијат предни светла со LED технологија, Night Vision, аудио уред од Focal со кој се добиваат и безжични слушалки, 3D навигација, итн.

Бидејќи се работи за врвна понуда на новиот 508, сосем очекувано – First Edition ќе може да се нарача само со врвните мотори. Тоа значи дека ќе може да се добие со 225-коњскиот турбо-бензинец или 180-коњскиот турбодизел. Во комбинација со автоматски менувач, секако.

Од Peugeot не објавуваат колку примероци ќе бидат направени, но најавено е дека 508 First Edition ќе биде достапен во ограничени количини. Моделот ќе може да се нарача и онлајн, и тоа само во 12 Европски земји. Онлајн нарачките се веќе отворени!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.