full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai официјално ја претстави најновата Santa Fe

Корејскиот производител и официјално го претстави својот нов, голем SUV на домашниот пазар – европската премиера е закажана за Женева, а набргу потоа се очекува и во салоните!

Кажете и добредојде на новата Santa Fe. Новиот голем SUV го одликува целосно-нов дизајн кој ги следи насоките поставени од Kona – околу големата предна маска на ладилникот се поставени острите светлосни групи, а под нив се дополнителните светла. Страничните линии се класични, а на задниот дел доминираат големите, хоризонтални задни светла. Сè на сè – дизајнот е значително освежен и авантгарден, и ги отсликува аспирациите на Hyundai.

Santa Fe ќе се нуди во две конфигурации – со пет или седум седишта. Поголемата верзија ќе го носи и суфиксот XL (но не е познато дали на европскиот пазар всушност ќе го задржи името Grand Santa Fe) – но новиот автомобил е 70 милиметри подолг, 10 милиметри поширок и со меѓуоскино растојание подолго за цели 65 милиметри – односно, сега големиот SUV е долг 4770 милиметри, широк 1890 милиметри и висок 1680 милиметри, а меѓуоскиното растојание е 2765 милиметри. Багажниот простор расте на 625 литри кај верзијата со 5 седишта, односно 130 литри зад третиот ред седишта.

Кабината е целосно-нова и ќе може да се нарача со дигитални инструменти. Купувачите ќе добијат и хај-тек мултимедијален уред со навигација, технологија за препознавње гласовни команди и можност за Apple CarPlay поврзување. Дел од пакетот ќе бидат и системи за асистенција кои веќе ги очекуваме – систем за следење на коловозната лента, паметен темпомат, систем за спречување преден удар и уште многу други напредни системи за активна и пасивна безбедност.

Поврзано:   Hyundai ја освежи Elantra со затегнат дизајн и нови технологии

Во Кореја, новата Hyundai Santa Fe ќе се нуди со три мотори – 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 235 коњски сили, 2-литарски турбодизел со 186 коњски сили и 2.2-литарски турбодизел со 202 коњски сили и 441 Nm вртежен момент. Очекуваме истите мотори да се понудат и во Европа.

Галерија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.