full screen background image
Search

Opel ќе лансира целосно-електрична Corsa во 2020!

Новата генерација на Opel Corsa ќе пристигне следната година, а година покасно ќе добиеме и целосно-електрична варијанта!


Вестите за новата генерација на популарниот компактен хечбек доаѓаат директно од Opel – тие објавија дека првата целосно-електрична Corsa ќе се произведува во фабриката на PSA во Zaragoza, Шпанија – каде што ќе се произведува и обичната Corsa.

„Ова е значаен чекор напред за фабриката во Zaragoza, и означува почеток на нова ера“ – изјави претседателот на Opel, Michael Lohnscheller. Премиерата на новата Corsa е всушност одложена една година по купувањето на Opel од страна на PSA, за таа да биде развиена врз основа на платформа на францускиот концерн.

Новата, електрична Corsa е значајна за Opel и PSA, бидејќи е еден од четири различни електрифицирани модели кои се во подготовка во Opel. Дел од тие модели ќе биде и електричен SUV, како и плаг-ин хибридна изведба на Grandland X.

Opel настапува амбициозно под капата на PSA – најавени се девет нови модели до  2020-тата година, но и целосна електрификација на гамата до 2024-тата година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.