BMW го претстави целосно-новиот X4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави целосно-новиот X4!

BMW ја претстави втората генерација на својот популарен кросовер-купе модел – новиот X4!


Втората генерација на германското Sports Activity Coupe е 81 милиметри подолга и 36 милиметри поширока, и со 54 милиметри подолго меѓуоскино растојание. Истовремено, новиот автомобил е и до 55 килограми полесен, со пониско тежиште и идеална дистрибуција на тежината од 50:50.

Предниот дел е скоро сит како кај X3, но задниот дел сега е значително попривлечен во однос на моделот кој е во заминување, а опаѓачкиот кров не влијаел премногу на багажниот простор – X4 има повеќе багажен простор отколку седан од Серијата 3. Ентериерот е целосно нов, и сега е ориентиран кон возачот. X4 ги добива истите технологии како и X3 (кој неодамна го возевме), па тука вбројуваме активен темпомат, Lane keep assist, асистент за паркирање, мал милион камери, систем за автономно управување – итн.

Новиот X4 ќе се нуди со три бензински и четири турбодизел мотори, кои нудат меѓу 184 и 360 коњски сили. Бензинската понуда ја сочинуваат xDrive20i со 184 коњски сили, xDrive30i со 252 коњски сили и M40i со 3-литарски турбо-бензинец со 360 коњски сили и забрзување „до стотка“ за 4.8 секунди. Доколку сакате турбодизел, ќе можете да одберете меѓу три верзии со 190, 231 или 265 коњски сили, а на врвот на дизелската понуда е М40d со одлични 326 коњски сили и 680 Nm вртежен момент.

Сите верзии ќе се нудат со 8-брзински автоматски менувач и xDrive погон на сите четири тркала. Ќе се нудат неколку пакети на опрема, меѓу кои и xLine, M Sport X и M Sport, а купувачите ќе можат да изберат тркала со димензии меѓу 19 и 21 инчи.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW го најавува новиот iX3 со Vision Neue Klasse X

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.