full screen background image
Search

Новата Toyota Supra ќе дебитира во Женева!

Toyota објави фотографија од новата Supra и потврди дека долго-очекуваното спортско купе ќе дебитира во Женева!


Иако од Toyota не потврдија дека токму новата Supra ќе пристигне во Женева, сепак  кажуваат дека „на Мотор Шоуто во Женева, модерен тркачки концепт ќе ја сигнализира посветеноста на Toyota да го врати на пазарот својот нај-иконски спортски автомобил.“

Веќе знаеме дека Toyota и BMW заедно работат на развој на спортски автомобил – резултатот на таа соработка ќе го видиме во две форми – Toyota ќе ја врати Supra, а BMW ќе ја претстави следната генерација на роудстерот Z4. Сепак, треба да бидеме трпеливи – од Toyota кажуваат дека ќе претстават „модерен тркачки концепт“ – па можеби она што ќе го видиме во Женева ќе биде концепт кој ќе биде блиску до серискиот модел – но ние би сакале да мислиме дека ќе ја видиме токму новата Supra.

Според протечени информации кои доаѓаат од Best Car Magazine од Јапонија, новата Supra би требало да користи 3-литарски турбо-бензинец со линиски-поставени шест цилиндри, кој би испорачувал 335 коњски сили и 450 Nm вртежен момент (сомнително блиску до линскиот, 3-литарски турбо-бензинец со 6 цилиндри со 355 коњски сили и 450 Nm кој BMW го вградува во некои од своите модели), кои би се пренесувале кон задните тркала преку 8-брзински автоматски менувач.

Во секој случај – не постои автомобилски ентузијаст на планетава кој не е возбуден за новата Supra – сите одлично се сеќаваме на првиот Fast & Furious филм и сцената кога Paul Walker и неговата Supra едноставно прегазија Ferrari 355 Spider!

Поврзано:   Toyota одлучи да го пензионира името Auris и да се врати на Corolla



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.