full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Незапирливиот Jeep Wrangler!

Jeep објави самообјаснувачка реклама за новиот Wrangler на Super Bowl, каде без многу зборови ни кажува навистина многу за тврдокорниот теренец.


Наместо мотивациони говори на какви што сме навикнати во повеќето промотивни видеа за автомобили, Jeep ни прикажува преминување преку несекојдневна препрека, која речиси ниеден сериски модел не би можел да ја премине. Секако, оваа задача Wrangler ја исполнува без капка пот, бидејќи е создаден за да се справува со вакви предизвици.

Погледнете ја рекламата и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.