full screen background image
Search

Сакате мега-караван? Audi RS6 Performance Nogaro Edition има до 705 коњски сили!

Audi во соработка со „матичниот“ тјунер ABT претстави мега-изведба на веќе мега-караванот RS6, кој во зависност од вашите желби може да има до 705 коњски сили!

RS6 Performance Nogaro Edition го носи своето име по првиот RS модел во историјата – Audi RS2 од далечната 1994-та година. Ја носат истата сина боја, а RS6 Performance Nogaro носи и „црн пакет“ кој ги заменува хромираните детали со црни, титаниумски издувен систем, 21-инчни тркала, и уште многу други ситници.

Audi RS 6 Avant performance Nogaro Edition mit Optikpaket

Сепак, најважното е под поклопецот – каде во „стандардната“ верзија ќе добиете 605 коњски сили и 750 Nm вртежен момент, благодарение на кои ќе забрзате до 100 километри на час за 3.7 секунди и ќе постигнете максимални 305 километри на час. Одберете ја верзијата на која работеле инженерите од ABT Sportsline и ќе добиете моќни 705 коњски сили и 880 Nm вртежен момент, благодарение на кои ќе постигнете дури 320 километри на час.

Audi RS 6 Avant performance Nogaro Edition

Ќе бидат произведени само 150 примероци од врвниот RS6 Avant, а во Германија ќе чинат од 124.200 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.