Toyota Hilux Bruiser – потсетување на автомобилчињата на далечинско од 80тите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota Hilux Bruiser – потсетување на автомобилчињата на далечинско од 80тите

По создавањето на Polar Hilux, Toyota повторно се обрати до истиот тим да ја создаде оваа единствена верзија од популарниот пикап камионет.

Наречен Hilux Bruiser, моделот оддава почит на далечински контролираниот модел во намален размер, направен од Tamiya во 1980, кој доаѓа со многу интересни додатоци што му го даваат уникатниот изглед.

Базиран на верзијата со дополнителна кабина, новиот Toyota Hilux Bruiser доаѓа со Arctic Trucks AT35 конверзија, надградена суспензија, нов однос на диференцијалот, и набабрени странични крила кои прават место за џиновските 35-инчни теренски тркала.

Најзаслужна за изгледот на каросеријата да одговара на изгледот на популарната играчка направена пред повеќе од 30 години е металик Diamond Blue обвивката. Покрај неа, рачно биле додадени помалите налепници, а како финален елемент е додадена големата антена позади кабината.

Придвижувањето доаѓа од четири-цилиндарски турбодизел агрегат кој испорачува 148 кс кон сите четири тркала преку шест-степена мануелна трансмисија.

Не треба да споменуваме дека Toyota нема планови да го лансира Hilux Bruiser во производство, но концептот ќе биде прикажан на различни настани низ Велика Британија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.