full screen background image
Search

Ford подготвува неколку тјунирани Focus ST и RS за SEMA

Како и секогаш, Синиот Овал се подготвува за сериозен настап на SEMA – а оваа година тоа ќе биде со неколку доработени примероци на Ford Focus RS и ST!

Ford се подготвува за сериозен настап на SEMA – најавуваат дека оваа годин аќе имаат преку 50 модифицирани возила на својата изложба. Секако, бидејќи се работи за американски настан, можеме да очекуваме многу модифицирани примероци од Ford Mustang, но и Focus ST и RS се повеќе од интересни – особено за европските купувачи.

Оваа година ќе бидат изложени неколку модифицирани примероци на Focus ST и RS, а најавените четири примероци убаво ја покажуваат насоката во која ќе се движат овие автомобили. Меѓу изложените примероци ќе биде Focus ST доработен од Blood Type Racing кој има преработена суспензија, голем Borg Warner турбополнач, големи тркала и хелиодром наменет за дрон поставен на кровот. Другите три најавени автомобили се преработени примероци од Focus RS, и тоа од VMP Performance, Universal Technical Institute и Rally Inovations.

Сите автомоили имаат уникатен лик кој одлично ја интерпретира основата која ја нуди Focus RS, но се движат во интересни и спортски насоки. Со нетрпение ја очекуваме овогодинешната SEMA за да видиме како навистина ќе изгледаат овие автомобили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.