Утринска Гимнастика: Opel Insignia GSi е 12 секунди побрза на Nurburgring од својот претходник! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Opel Insignia GSi е 12 секунди побрза на Nurburgring од својот претходник!

Германскиот производител тукушто објави видео со кое кажува дека новата Insignia GSI е цели 12 секунди побрза од минатата брза Insignia која ја носеше ознаката OPC.

Моделот кој неодамна се пензионираше носеше 2.8-литарски турбо V6 кој испорачуваше 325 коњски сили и 435 Nm вртежен момент, додека новиот користи 2-литарски 4-цилиндерски мотор кој испорачува „само“ 260 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

Но она што е важно кај новиот автомобил е дека и покрај „негативата“ од 65 коњски сили и 35 Nm вртежен момент, автомобилот е значително побрз на легендарната патека, а тоа се должи на намалената тежина – Insignia GSi е 160 килограми полесна од Insignia OPC!

Погледнете го видеото каде Volker Strycek – директорот на Opel Performance – зборува за новиот автомобил и неговите резултати.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.