full screen background image
Search

McLaren ја враќа централната возачка позиција!

Британскиот производител го враќа еден од најпрепознатливите детали – најавува концепт со централно возачко седиште!

McLaren во моментов развива нов хипер-модел кој се очекува на пазарот во 2019 – и кој ќе има три седишта!

Во моментов користат модификуван 720S како развојна платформа за хипер-автомобилот кој во моментов ја носи внатрешната ознака BP23. Според најавеното, новиот автомобил би требало да биде вистински гранд турер во Ultimate серијата на McLaren. Еден од најважните детали ќе биде централно-поставеното возачко седиште, и две седишта за патниците поставени зад него.

Според она што го кажуваат, ова ќе биде најбрзиот McLaren на сите времиња, ќе бидат произведени само 106 примероци – кои погодувате, веќе се распродадени – а ознаката BP23 значи Bespoke Project 2 with 3 Seats.

Иако не знаеме ништо за погонот на BP23, познавачите шпекулираат дека ќе има хибридна моторизација која се очекува да испорачува меѓу 1000 и 1100 коњски сили, а се очекува максималната брзина да ја надмине онаа на легендарниот McLaren F1.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.