full screen background image
Search

Aston Martin DBR1 се продаде 22.5 милиони долари!

Автомобилот кој стана најскапиот британски автомобил да се продаде на аукција во историјата е воедно и првиот примерок на Aston Martin DBR1!


Зад управувачот на овој прекрасен автомобил седеле вистински легенди – како што се Sir Stirling Moss, Carroll Shelby, Jack Brabham, Reg Parnell и Roy Salvadori. Истовремено, ова е еден од пет примероци кои постојат, во најоригинална состојба – и може да се пофали со победа на Nurburgring 1000 KM со Stirling Moss зад управувачот!

Овој автомобил има настапувано и на 24 Hours of Le Mans во 1956, 1957 и 1958-ма година, и е „сестрински“ автомобил на автомобилот кој победи на оваа легендарна трка во 1959-тата година.

Со такво тркачко педигре, дали мислите дека цената е оправдана? Или, како што пишува по нашите огласи – дали вреди да се види?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.