Новиот BMW M5 пристигнува за две седмици! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот BMW M5 пристигнува за две седмици!

Продолжуваат да се појавуваат детали за новиот баварски супер-седан, кој најверојатно ќе има на располагање 600 коњски сили благодарение на 4.4-литарски битурбо V8!

Следната генерација на германскиот супер-седан ќе дебитира околу 21-ви Август, според извори кои зборувале со медиумите. Тоа значи дека новиот M5 ќе дебитира само неколку дена пред почетокот на Франкфуртскиот Мотор Шоу.

BMW веќе објави многу детали за новиот M5. Знаеме дека ќе користи 4.4-литарски битурбо V8, а се шпекулира дека ќе испорачува 600 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. За прв пат, BMW M5 ќе добие xDrive погон на сите четири тркала, но специјално преработен за да може да ја пренесува силата само на задните тркала. Од друга страна, се претпоставува дека тракцијата достапна благодарение на погонот на сите четири тркала ќе му овозможи на големиот супер-седан да забрза до 100 километри на час за само околу 3.5 секунди.

Како и секогаш, можеме да очекуваме преработена каросерија, со пошироки крила, изменети браници и многу други суптилни спортски детали. Немаме никакви информации за кабината, но можеме да очекуваме цела лепеза на M-додатоци и детали.

Наскоро ги очекуваме сите детали за новиот BMW M5!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.