Официјално: Првиот пик-ап на Mercedes-Benz – новиот X-Class! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Првиот пик-ап на Mercedes-Benz – новиот X-Class!

Mercedes-Benz влегува во нов сегмент – германскиот производител го понуди првиот премиум пик-ап на светот, кој ќе се вика X-Class!

Првиот пикап на Mercedes-Benz ќе се нуди во три варијанти – робустниот X-Class Pure, „цивилниот“ X-Class Progressive и луксузниот X-Class Power. Без разлика на одбраната варијанта ќе доаѓа со практичен товарен дел кој може да пренесе до 1.1 тон товар, односно да влече 3.5 тони тежина. Во зависност од одбраниот мотор и пакет ќе се добива со шест-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач, а купувачите ќе можат да одберат и меѓу погон на задните или на сите четири тркала.

При лансирањето, X-Class ќе се нуди со два различни четири-цилиндерски мотори. Обата мотори се турбодизели со зафатнина од 2.3 литри – основниот ќе ја носи ознаката X220d и ќе испорачува 163 коњски сили, а помоќната ќе ја носи ознаката X250d и ќе нуди 190 коњски сили. Понатаму Mercedes-Benz во понудата ќе додаде и X200 бензинец со 165 коњски сили, како и X350d со V6 турбодизел кој ќе испорачува 280 коњски сили и 550 Nm вртежен момент.

Иако X-Class ги дели гените со Nissan Navara, сепак верзијата на Mercedes-Benz е далеку полуксузна од својот јапонски роднина. Ентериерот е преработен и може да се добие обложен со фини и квалитетни материјали, а ќе ги добие и сите инфозабавни функционалности кои германскиот бренд ги нуди во своите автомобили. Продажбата ќе започне во Европа оваа есен, а понатаму ќе се нуди и во други земји ширум светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.